Home » На инаугурацијата на новата претседателка беа Иванов и сопругата на Трајковски, Црвенковски го немаше

На инаугурацијата на новата претседателка беа Иванов и сопругата на Трајковски, Црвенковски го немаше

by Журнал.мк

Во свечената собраниска сала каде што беше инаугурацијта на Гордана Силјановска Давкова за претседателка на државата покрај пратениците од сега стариот собраниски состав по протокол беа верските лидери на МПЦ-ОА и ИВЗ председателката на Уставниот суд, домашни и странски дипломати и екс председателот Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот председател Борис Трајковски, а екс претседателот Бранко Црвенковски го немаше.

Меѓу странските амбасадори присутна беше амбасадорката на САД во земјава Агелер за која во инаугуративниот говор председателката Силјановска Давкова се пофали дека вчерашниот нејзин роденден го прославила во друштво на амбасадорката Агелер.

Најубав подарок за мојот роден ден вчера е официјализирањето вчера дека сум прва претседателка на државата. Силјановска Давкова е родена на 11 мај 1953 година и вчера го славела нејзиниот 71 роденден.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More