Home » На гласачкото ливче на 8 мај место ќе има само за партиите, нема доволно потписи за независна листа

На гласачкото ливче на 8 мај место ќе има само за партиите, нема доволно потписи за независна листа

by Журнал.мк

На помалку од еден месец од поднесувањето на кандидатурите за пратеници неизвесно е колку листи на народни избраници ќе бараат место во Собранието. Она што е извесно уште денес е дека на гласачкото ливче на 8 мај ќе нема ниту една независна листа на пратеници. Единствено пријавената за собирање на потписи добила поддршка од само 106 граѓани од потребните 1.000.

Тоа значи дека гласачите ќе избираат само меѓу партиски кандидати бидејки на регистрираните политички партии не им требаат потписи за да пријават листи за пратеници во изборните едници.

Но, независната кандидатура е се поретка на парламентарните избори. Најмногу независни листи биле пријавени на изборите во 2002 година –дури 5. На изборите во 2006 и 2008 година имало по две листи од група избрачи. Од изборите од 2011 година наваму пет изборни циклуси пак, на гласачкото ливче нема независна листа.

Но, и тогаш кога потписите биле собрани, пратеник не бил добиен.

Ова е сосема спротивно од локалните избори пред две години кога од независни листи беа избрани дури 33 советници во локалните совети низ змејава.

Од следните избори независната кандидатура ќе биде уште поневозможна, реагираат 8 невладини организации и движења бидејки со послењдните измени на Изборниот законик се зголемува прагот на потребните потписи за учество во изборите на 1 отсто од запишаните избирачи.

И додека, незацвисните реагиграат поголемите партии веќе ги објавуваат носителите за изборните единици. Од ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе ја предводи листата на пратеници во првата изборна единица, Мисајлоски во двојката, Ковачки во трајката, потпретседателот Николовски во четворката и пратеничката Дафина Стојановска во шестата изборна единица. А наскоро ќе биде познат и носителот на листа во петтата изборна единиц.

Мицкоски најавува дека по преземање на власта ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара со сите околу билатералните прашања со Бугарија но само ако се почитуваат Копенхашките критериуми

За екс премиерот Ковачевски стратешката цел на државата, членство во ЕУ, мора да продолжи. По изборите најавува повисоки плати , но и решение за воведување на минимална пензија.

Во СДСМ имињата се уште се неофцијални, освен Ковачевски кој најави дека ќе биде носител во Единицата. Не е исклучено партиата и на овие избори да се оди со коносители. Меѓу имињата што се споменуваат за двете први места на листите се: Лукаревска во Двојка, Оливер Спасовски во Двојка или Тројка, Николовски во Тројка или Четворка. За таму се споменува и Славјанка Петровска. Можен носители или ко носител на единицата или четворката би бил и поранешниот министер за здравство Филипче.

Според Роковникот, најдоцна до 2-ри април на полноќ листите на кандидати треба да бидат доставени до ДИК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More