Секое чествување на Денот на мајчиниот јазик се отвораат горливите прашања за недостигот на нови кадри македонисти во институциите чија цел е токму проучување и афирмација на македонскиот јазик во земјава и во странство. Лет во место доколку се има предвид дека јазиците може и да разделат, но тие пред се треба да зближат.
ИМА ПОВЕЌЕ АСПЕКТИ ЛУЃЕТО СЕ ИСЕЛУВААТ, СЕ ПОМАЛКУ ИМА ДЕЦА КОИ УЧАТ, СТУДИРААТ ВО ОВАА ДРЖАВА, ТОА Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ. ИМА ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ АКО ГОВОРИМЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ТОА Е КАДРОВСКОТО РЕШАВАЊЕ НА ПРИМАЊЕ МЛАДИ ЛУЃЕ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НА ФАКУЛТЕТИТЕ, НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РСМ. И ВТОРИОТ ПРОБЛЕМ Е НАТАМОШНАТА АФИРМАЦИЈА НА ЛЕКТОРАТИТЕ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО СТРАНСТВО, ВЕЛИ ПРОФ. Д-Р ЉУДМИЛ СПАСОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
За професорот Спасов третата причина е фактот дека на повеќе факултети се студира македонистика, на универзитетите во Битола, Тетово и Штип, кои имаат делумно поинаква концепција што во дадениот миг е поприфатлива за студентите. Во меѓувреме дури и кога се зголемува бројот на студенти кои го изучуваат македонскиот јазик мора да се има јасна стратегија што понатаму.
НЕДОСТИГА МЛАД НАУЧЕН КАДАР, ЗАТОА ШТО НЕМАМЕ ВРАБОТУВАЊА. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕМА МЛАД КАДАР КОЈ ШТО Е ПОДГОТВЕН ДА РАБОТИ, МЕЃУТОА ТОЈ МЛАД КАДАР ТРЕБА ДА БИДЕ ВРАБОТЕН ЗА ДА РАБОТИ. НЕ МОЖЕМЕ САМО ДА СЕ ПОВИКАМЕ НА ЉУБОВТА КОН ЈАЗИКОТ, ДА СЕ ПОВИКАМЕ НА ЖЕЛБАТА ЗА РАБОТА, ТУКУ ТОА ТРЕБА ДА БИДЕ И ФИНАНСИРАНО, ОД АСПЕКТ НА ПРАКТИЧНО ВРАБОТУВАЊЕ, ВЕЛИ ПРОФ. Д-Р БОРЧЕ АРСОВ, ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „КРСТЕ МИСИРКОВ“
Јазикот и културата се столбовите на еден народ и на едно општество, забележа министерката Костадиновска – Стојчевска.
ГОЛЕМИОТ КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ ЌЕ ЗАПИШЕ „МИЛОСТА КОН НАРОДНИОТ ЈАЗИК Е НАШ ДОЛГ И НАШЕ ПРАВО“. НИЕ СМЕ ДОЛЖНИ ДА ГО МИЛУВАМЕ НАШИОТ ЈАЗИК, ЗАТОА ШТО ТОЈ Е НАШ, ИСТО ТАКА КАКО ШТО Е НАША ТАТКОВИНАТА. А ЈАЗИКОТ Е НАШАТА ЕДИНСТВЕНА ТАТКОВИНА ЌЕ ЗАПИШЕ КАКО ПОУКА И КАКО ПОРАКА ЕДИНСТВЕНИОТ БЛАЖЕ КОНЕСКИ, ИЗЈАВИ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА- СТОЈЧЕВСКА, МИНИСТЕРКА ЗА КУЛТУРА
Во светот денес се зборуваат околу 6500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.