Home » На Барселона итно и требаат 50 милиони евра инаку ќе остане без Олмо

На Барселона итно и требаат 50 милиони евра инаку ќе остане без Олмо

by Lina Muslija

Финансиската нестабилност која ја дрма Барселона веќе со години и понатаму не стивнува. И покрај тоа што многумина велат дека клубот оди кон стабилизација, се чини дека на каталонците им е потребна финансиска помош за нормално функционирање во продолжението од сезоната.

Па така доколку Барселона не најде 50 милиони евра нема да може да го регистрира летното засилување, Дани Олмо за настапи во 2025 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо му се приклучи на каталонскиот тим од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра кој со бонуси ќе достигне над 60 милиони евра, а ги преседе првите натпревари од сезоната поради неможност за регистрација.

Во полза на Барселона беше фактот дека според правилата можеше да искорити 80 отсто од износот одреден за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен, но со нивата рехабилитација на Барселона и требаат 50 милиони евра за да може да го регистрираат Олмо по 31. декември.

За таа цел треба да помогне договорот со Најк кој наскоро се очекува да биде реализиран. Според него за продолжување на соработката на Барселона и следат 100 милиони евра, а на годишно ниво до 2038 година по 125 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk