Home » На автопатот Миладиновци-Куманово, кај Окта поради две сообраќајки возилата се движат само по една коловозна лента

На автопатот Миладиновци-Куманово, кај Окта поради две сообраќајки возилата се движат само по една коловозна лента

by Журнал.мк

Заврши увидот на полицијата кај клучката Дељaдровцe каде поради две сообраќајни несреќи, дел од автопатот Миладиновци-Куманово беше затворен за сообраќај, соопшти МВР. Сообраќајот и за патнички и за товарни возила засега се одвива по една коловозна лента.

Министерството за внатрешни работи потврди дека на истата локација имало две сообраќајни несреќи во кои нема повредени лица.

Во првата како што соопшти МВР учествувале три возила, во втората две.

– Денеска околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај клучка Дељадровце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(42) од Куманово, патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од Куманово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Р.(33) од Скопје. Исто така, во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на истото место се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и товарно возило со странски регистарски ознаки. Нема повредени во двете незгоди, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – соопшти МВР.

За време на вршење на увидот сообраќајот за товарни возила се пренасочувал кон Миладиновци, а за патнички возила се одвивал отежнато по една сообраќајна лента.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk