На граничниот премин Аеродром Подгорица, службеници на Царинската управа на Црна Гора, на влез во таа земја, од српски државјанин заплениле скапи цигари – пури, чија пазарна вредност е 95.000 евра, соопшти црногорското МВР.
Во соопштението се наведува дека против српскиот државјанин е поведена постапка пред Основниот суд во Подгорица.
Црногорската полиција наведува и дека по преглед на багажот на П.П. (30) од Даниловград, пронајдени се повеќе делови за оружје, по што е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено држење и носење оружје и распрскувачки материјали.