Home » На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимански верници од нашата земја

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимански верници од нашата земја

by Журнал.мк

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави за МИА, Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

– Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година. Верниците ќе патуваат од 24 мај, со 11 авионски чартер летови, со по 180 патници. Тие се од различни возрасти, највозрасниот е над 80 а најмладиот на 10-годишна возраст, додаде Јакупи.

Според него, цената за аранжман за Хаџ 1445/2024 е 6.700 евра, што повисока за 150 евра споредено со минатата година. Претходната година петтиот столб од исламот го реализираа 2.030 верници, што беше повеќе од двојно повисока бројка од 2022 година, кога во светите места беа 919 верници.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 6 јуни и секогаш се слави четири дена.

Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk