Home » На 54-то издание на „Златно славејче“ водител ќе биде Сашко Коцев

На 54-то издание на „Златно славејче“ водител ќе биде Сашко Коцев

by Lina Muslija

Најстариот детски музички фестивал на Балканот ,,Златно славејче” ќе се одржи на 16-ти и 23-ти ноември во Македонскиот народен театар во Скопје. Годинава за првпат во улога на водител ќе се појави актерот Сашко Коцев и ова е 54-то издание на популарната детска манифестација.

Во минатото помеѓу водителите беше музичарот Влатко Илиевски, како и актерот Мартин Јорданоски. Фестивалот за првпат се одржа во 1971 година, а негови основачи беа Александар Џамбазов, Васил Пујовски и Благоја Јордановски.

Во годините кои следуваа, свои први појавувањата токму на сцената на ,,Златно славејче” имаа повеќе учесници кои потоа изградија успешни музички кариери – Калиопи, Тоше Проески, Влатко Илиевски, Симон Трпчевски, Давид Темелков, Маја Панчева и други.

Фестивалот се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk