Home » На 30 јули ќе се соочат обвинетите за двојното свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

На 30 јули ќе се соочат обвинетите за двојното свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

by Журнал.мк

На 30 јули во вторник за првпат во суд ќе се соочат обвинетите за двојното свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, кое ја потресе јавноста.

Речиси осум месеци откако беа приведени на обвинителна клупа ќе седнат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов. Обвинети се дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата.

Извесно е дека за нив обвинителството ќе бара највисока казна – доживотен затвор.

Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

Обвинет е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Максималната казна за ова кривично дело е 10 години затвор.

Согласно АКМИС системот, правдата ќе ја дели судијата Ивица Стефановски, кој работел на многу високо профилни случаи, како „Монструм“.

Судот во понеделникот соопшти дека обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиени како неосновани.

Таткото на Вања од почетокот тврди дека е невин. Видевски, Манев и Кешишов кога беа приведени признаа вина. Тие ја одведоа и полицијата до телата на жртвите. Видевски потоа го смени исказот и го тврдеше спротивното.

Според нивните сведочења, Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и тој им кажал дека информациите за движењето на Вања му се од нејзиниот татко.

За Палевски, кој беше екстрадиран од Турција во земјава во средината на мај, истрагата сè уште трае. Палевски тврди дека е осомничен заради претходни непријателства и политички недоразбирања со определени претставници од власта.

Вања беше грабната на 27 ноември минатата година, а Панче исчезна пет дена претходно. Убиени биле истиот ден, неколку часа по грабнувањето. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More