Home » На 12 и 13 традиционален концерт за „Василица“ 2022 насловен „VIVA L’OPERA!“

На 12 и 13 традиционален концерт за „Василица“ 2022 насловен „VIVA L’OPERA!“

by Журнал.мк

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More