Home » На југот на Италија е пронајдено богатство скриено за време на пиратски напад од периодот пред Христос

На југот на Италија е пронајдено богатство скриено за време на пиратски напад од периодот пред Христос

by Lina Muslija

Археолозите ископале 27 римски сребрени монети на оддалечен остров во јужна Италија за кој се верува дека биле скриени од пирати, соопштија во понеделникот локалните власти.

Монетите, датирани помеѓу 94 и 74 година п.н.е., беа откриени во истата област каде што беа пронајдени уште 107 монети во 2010 година на оддалечениот остров Pantelleria, кој се наоѓа во морето меѓу Тунис и Сицилија.

Локалитетот е исто така блиску до местото каде што неколку години претходно беа пронајдени бистите на Caesar, Agrippina и Titus.

Археолозите предводени од Thomas Schäfer од German University of Tübingenги пронашле монетите за време на проект за чистење и реставрација на Acropolis San Marco и Santa Teresa, соопшти регионот на Сицилија.

Според Schäfer, некои од сребрените монети повторно се појавиле по дождот, додека другите биле пронајдени под голема карпа за време на ископувањето.

Тоа место ни го врати народното собрание каде се состанаа членовите на сенатот. Ги има само пет во цела Италија, а оваа е во најдобра состојба, додаде Schäfer, објаснувајќи дека локалитетот останал недопрен со векови.

Археологот рече дека верува оти богатството било скриено за време на пиратски напад, што во тоа време било вообичаена појава, а потоа никогаш не е пронајдено.

Откритието нуди вредни информации за реконструкција на настаните, трговските контакти и политичките односи што го карактеризираа Медитеранот за време на Римската Република, рече регионалниот советник Francesco Paolo Scarpinato.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk