Home » Најурбаните општини со најнизок опфат на вакцинација

Најурбаните општини со најнизок опфат на вакцинација

by Журнал.мк

Важно да се подигне свеста за сето она што претставува превентива и имунизација, ниту еден родител не треба да се соочи со пертусис и морбили, болести кои ги имавме во земјава последниве неколку години и тоа токму поради намалување на опфатот за овие две вакцини, вели професор Грозданова. Според последните податоци зголемен е опфатот на имунизација во 2024- та година во однос на претходните три години, сепак и понатаму загрижувачки е фактот за ниски стапки на вакцинација во урбаните средини.

-Имаме неколку скопски општини, најурбаните – Центар, Карпош и Аеродром опфатот со оваа вакцина ни е навистина многу низок, под 60-70 %. И она што е битно да се знае тоа нѐ доведува во висок ризик од појава повторно со епидемија со морбили, затоа пак имаме општини во внатрешноста на Македонија, па дури и во некои скопски општини каде што имаме и над 90 % со истата вакцина, што значи дека родителите генерално имаат доверба во вакцинацијата во системот, но најверојатно влијанието на социјалните мрежи, на неточните информации, на дезинформациите доведуваат до тоа голем дел од родителите да бидат во забуна, рече проф. д-р александра грозданова, националниот координатор за имунизација.

-Иако имаме постигнато прогрес со вакцинацијата во Северна Македонија се уште постојат пропусти и јазови за да се постигне тој колективен имунитет потребна е вакцинаци во стапка од 90 до 95% и сѐ уште е потребно да го достигнеме тоа ниво, порача претставничката на уницеф, лесли милер.

Го поддржуваме Министерството за здравство во напорите да ги организира мобилните тимови кои што ќе одат низ земјата во текот на периодот кој следи, велат од СЗО.

Ова не е време за повлекување знаеме дека по епидемијата со Ковид имаше одредени прашања околу вакцинацијата, меѓутоа ова се базира на докази. Вакцинацијата спасува животи. Особено поддржувам секое младо момче и секое младо девојче во Северна Македонија да добијат ХПВ вакцина, рече претставникот на сзо, д-р али аким.

Во меѓувреме Здравствен дом Скопје ќе организира повеќе активности во 39 населени места, во сите градски и приградски општини на Скопје за теренска вакцинација на деца кои ја пропуштиле поради различни причини.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk