Home » Најстудено на Шапка, најмногу дожд во Скопје

Најстудено на Шапка, најмногу дожд во Скопје

by Журнал.мк

Утрово е најстудено на Попова Шапка, седум степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје, 16 литри на метар квадратен.

Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени 9 степени во Берово и Лазарополе, 10 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Куманово, Крива Паланка и Охрид, 13 во Прилеп и Битола, 14 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Тетово, Виница, Кавадарци, 15 Гевгелија Штип, Демир Капија, како и 16 во Скопје-Петровец Велес.

До 08 часот наврнале и 14 литри на единица површина во Пожаране, 10 во Крива Паланка, 8 на Попова Шапка, 7 во Тетово, 6 во Куманово, 5 во Лазарополе, 4 во Маврови Анови, 2 во Битола и Дебар, како и еден во Претор, Крушево, Берово и Тополчани.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk