Белграѓанката Милка Бауковиќ-Радивојевиќ денеска наполни 110 години, а на социјалните мрежи беше објавена нејзина фотографија со славенички торти и свеќи со бројките од нејзината возраст.
Блумберг: Планот на САД за Украина ќе биде претставен на конференцијата во Минхен следната недела
Баба Милка е родена на 5 февруари 1915 година во селото Папиќи кај Сисак, кое денеска се наоѓа во Хрватска, а во тоа време, во виорот на Првата светска војна, било дел од Австроунгарската Империја.
Според евиденцијата на меѓународната организација International Research Group, како и на порталот Gerontology Wiki, г-ѓа Милка не само што е најстарата жена во Србија, туку и воопшто најстарата личност во земјата, пренесе „Телеграф“.
И покрај годините, виталната госпоѓа никогаш не користела очила, а таа редовно го остварува и своето избирачко право. Во интервју во 2022, таа за српските медиуми изјави дека никогаш во животот не пропуштила избори.