Home » Најстарата личност на светот го прослави 117-от роденден

Најстарата личност на светот го прослави 117-от роденден

by Журнал.мк

Марија Брањас Морера, најстарата личност на светот, го прослави својот 117-ти роденден.

Морера, која е родена на 4 март 1907 година во Сан Франциско од својата осма година живее во Шпанија. Во дом за стари лица живее во последните 23 години.

Во јануари минатата година таа беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност во светот, по смртта на Французинката Лусил Рандон на 118-годишна возраст.

„Таа е многу благодарна за сите честитки што ги доби и за интересот што толку многу луѓе го покажаа за нејзиното здравје“, изјави за Гинисовата книга на рекорди Ева Карера Бојс, директорка на домот за стари лица во кој живее Мореро.

Морера е сè уште активна, а нејзиното присуство на социјалните мрежи го одржува нејзината 80-годишна ќерка.

„Добро утро, свету. Денеска наполнив 117 години. Дојдов до тука“, напиша таа во понеделникот, цитирајќи ги зборовите на Пере Касалдига:

„Староста е еден вид света тајна. Го губиш слухот, но слушаш повеќе, затоа што го слушаш животот, а не вревата… Во светлината на смртта, животот добива специфична, поконечна тежина“.

Морера моментно е 12-та регистрирана личност во историјата која го достигнала својот 117-ти роденден, а доколку го достигне својот 118-ти роденден, таа ќе биде петта што ќе го постигне тоа.

Првата светска војна, Шпанската граѓанска војна и Втората светска војна ги помина во Барселона, како и пандемијата на шпански грип, а важи и за најстарата личност која успеала да се опорави од Ковид, од кој заболе во мај 2020-та.

Има три деца, 11 внуци и 13 правнуци.

Според Гинисовата книга на рекорди, најдолговечна личност досега е Французинката Жан Луиз Калман, која е родена на 21 февруари 1875 година и живеела 122 години и 164 дена.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More