Home » Најпрвин врнежи од дожд и од снег, па краткотрајно, но поголемо затоплување на времето

Најпрвин врнежи од дожд и од снег, па краткотрајно, но поголемо затоплување на времето

by Журнал

Денес продолжува стабилното, суво и студено време, додека утре и во вторник ќе имаме зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд на пониските места (градовите) и од снег на планините и на повисоките места.

Снежната граница понекаде би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што слабо провејување на снег понекаде би можело да има и во повисоките населени места. Повеќе врнежи ќе има во западните предели, каде на планините и на повисоките места ќе дојде до формирање на помала снежна покривка.

Во Скопје исто така се очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на околните планини ќе провејува снег.

Наутро температурите во текот на новата седмица ќе бидат повисоки, но и понатаму претежно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Краткотрајно, но поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на работната недела кога температурите во Македонија ќе достигнат до 15 степени, по што следува нов продор на студен бран од север.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More