Home » Најобилни врнежи од снег во историјата на Јужна Кореја

Најобилни врнежи од снег во историјата на Јужна Кореја

by Журнал.мк

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денеска се забележани најобилните ноемвриски снежни врнежи во историјата на земјата.

Според медиумите, снегот го успорил сообраќајот, имало и прекини во електричната енергија и откажани стотина летови, додека надлежните најавиле дека се подготвуваат за нови врнежи од снег во наредните денови.

Најмалку две лица загинаа во сообраќајни несреќи на автопатите источно од главниот град, додека делови од објекти кои паѓаа од згради и градилишта поради силните ветрови повредија некои пешаци во Сеул, јавува Ројтерс повикувајќи се на јужнокорејски медиуми.

Постудениот воздух од северозапад го претвори дождот во снег во текот на ноќта, формирајќи снежна обвивка од 18 сантиметри по локално време, што е најобилните снежни врнежи во Сеул од почетокот на евиденцијата во 1907 година, соопшти јужнокорејската метеоролошка агенција.

Повеќе од 200 летови се откажани или одложени, повеќето од нив домашни, бидејќи лошите временски услови, вклучително и силните ветрови, ги погодија и аеродромите низ земјата, а најмалку 70 фериботи кои ги опслужуваат островите се суспендирани.

Струјата беше прекината на илјадници домаќинства во неколку области на Сеул и централниот регион, бидејќи електричните водови беа оштетени од паѓање дрвја и други ефекти поврзани со снежните врнежи, јавуваат јужнокорејските медиуми.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk