Здравствената состојба на Саша Поповиќ е информација која со месеци ја интересира јавноста. Директорот на „Гранд продукција“ се повлече од медиумската сцена за во кругот на семејството работи на закрепнување.
Сега еден од неговите блиски соработници, композиторот и текстописец, Горан Ратковиќ Рале проговори за неговата здравствена состојба, откривајќи дека тие двајца се уште соработуваат.
– Во контакт сме. Се е во ред, мислам дека е супер… Сале е борец, ќе се избори, мислам, не дека мислам, туку знам, тој е сила – изјави Рале во интервју за „Скандал!“
Она што се уште не е познато е кога директорот на „Гранд продукција“ ќе се врати на снимањето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ каде со нетрпение го чека целата екипа.