Дали е странично паркирање, фронтално или само уфрлување во слободниот простор. Има безброј видео снимки од надзорните камери кои ги прикажуваат тешкотиите при паркирањето, но ова последно видео го прикажува апсолутно најоригиналното паркирање што сме го виделе во изминатите неколку години.
Видеото се појави на Reddit, а потоа се прошири на социјалните мрежи. Сепак, единствената информација е дека настанот се случил некаде во Кина, а судејќи по натписот, тоа било на 9 јануари околу 16 часот. На видеото се гледа како црна лимузина Peugeot многу брзо се приближува до работ на патот и до областа каде што се паркирани четири автомобили.
Возачот очигледно изгубил контрола над возилото, па Peugeot со голема брзина удрил во тротоарот, одлетал во воздух и буквално слетал на единственото слободно паркинг место. За среќа во несреќата Пежото не удрило ниту еден автомобил во сообраќајот, туку само ги оштетил паркираните возила, односно четири од нив.
По паркирањето, возачот излегува од автомобилот и со неверување гледа што му се случило. Да не беше надзорната камера, ретко кој би поверувал во оваа приказна.