Home » Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

by Журнал.мк

Највисока снежна покривка од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп.

На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, Битола, -5 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, -4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран -2 Гевгелија,.

Според УХМР, денеска се очекува сончево и студено, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 1 степен.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More