Home » Најмногу казни напишани за непрописно паркирање

Најмногу казни напишани за непрописно паркирање

by Журнал.мк

Неколку минути по 18 часот. Во централното градско подрачје веќе се зголемува сообраќајниот метеж, а се зголемува и бројот на полициските патроли на терен.. Љубомир Путиќ и Анди Исеини се полициската екипа која е со насоки да постапува на улицата Орце Николов.

Најчестиот прекршок што го прават граѓаните е непрописно запирање и паркирање, односно секој застанува каде има потреба да заврши работа, без да води грижа дали тоа го прави според законските норми.

„Највоочени прекршоци се за непрописно запирање и паркирање, кога се управува моторно возило се користи телефон, но ги има и оние потешки прекршоци како управување на моторно возило под дејство на алкохол..“ вели Петко Бишковски – Виш инспектор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај.
Полициските службеници при секое застанато возило ги поздравуваат граѓаните. На себе носат камера што снима и си ја вршат задачата за која се поставени, но не ретко кога возачите прават прекршок, виновна им е полицијата и за тоа влегуваат во вербална расправија.

„Полицијаците од Одделението за безбедност на патниот сообраќај знаат што да си преземат и во однос на тоа, но граѓаните претежно не ја признаваат вината. Дел нормално ќе се побунат, но затоа се и тие камери во тој дел ќе придонесат за граѓаните кои бараат поголема безбедност во сообраќајот…“ вели Петко Бишковски – Виш инспектор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај.
Намерата не е да се казнуваат сите граѓани, туку тие кои не ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, вели инспекторот Бишковски од Одделението за безбедност на патниот сообраќај. Само така, бројот на жртви од сообраќајни незгоди ќе го сведеме на минумум.

Истовремено додека една екипа беше пред Генерал-Штабот во центарот на градот, полициски патроли имаше низ цело Скопје.

„По најмалку една полициска патрола од Одделението за безбедност на патниот сообраќај има поставено во секој скопска општина. Од таму апелираат да се почитуваат сообраќајните прописи пред се заради својата лична безбедност.“

– „Кога ќе ги почитуваат сите прописи, ќе се заштитат себеси, безбедноста на другите а со тоа ќе се намалат и жртвите кои ги имаме во сообраќајот“ апелира Бишковски – Виш инспектор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај.
За периодот од неколку часа додека екипата на телевизија Алфа беше присустна со дежурните полицајци, казна не доби ниту еден возач. Но, вообичаено не е така. Во декември минатата година сообраќајната полиција на СВР Скопје има изречено 5367 прекршочно платни налози, од кои најмногу се за непрописно паркирани возила 2018. Со прекорачена брзина над дозволената биле фатени 667 возачи, алкохолизирани 250, а 118 поминале на црвено. Нешто над 220 не носеле појас, а речиси ист број зборувале на телефон што е недозволено кога се вози. Дури 37 не им дале предност иако имале првенство во минување пешаците, кои пак сториле 76 прекршоци. На годишно ниво пак се бележат околу 60 илјади.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk