Израелските вооружени сили и беспилотни летала рано утрово отвориле оган врз стотици Палестинци кои чекале камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа, при што најмалку 25 лица загинале, а 146 се повредени, пренесуваат очевидци и болнички извори.
Болницата Авда во бегалскиот камп Нусејрат соопшти дека Палестинците чекале на патот Салах ал-Дин, јужно од Вади Газа, додека се приближувале камионите со помош. Очевидците велат дека израелските сили почнале да пукаат додека луѓето се движеле кон камионите.
„Беше вистински масакр“, изјави очевидецот Ахмед Халава. Тој додаде дека тенкови и беспилотни летала пукале на луѓето дури и додека бегаа, додавајќи дека голем број луѓе биле убиени или ранети.
Израелската војска засега не дала официјален коментар за најновиот инцидент.