Home » Најмалку 24 Палестинци се убиени во израелско бомбардирање на џамија и училиште во Појасот Газа

Најмалку 24 Палестинци се убиени во израелско бомбардирање на џамија и училиште во Појасот Газа

by Журнал.мк

Најмалку 24 Палестинци се убиени, меѓу кои има и деца, а 93 лица се ранети во два одделни израелски воздушни напади утринава врз џамија и училиште во кои се засолниле раселените цивили во централниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека израелската армија извршила два брутални масакри со бомбардирање на џамијата „Загинати херои на Ал Акса“, која се наоѓа веднаш до истоимената болница во Деир ал Балах и врз училиштето „Ибн Рушд“ во Ал Заваиди.

„Овие два грозоморни масакри уследија по серијата злосторства извршени од израелската војска, вклучително и воздушните напади врз 27 домови, училишта и засолништа ширум Газа во изминатите 48 часа, што резултираше со смртни случаи и повредени на десетици Палестинци“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека се влошува здравствената состојба во Газа бидејќи неколкуте преостанати болници се преоптоварени од зголемениот број на жртви и се борат да обезбедат соодветна медицинска нега.

Палестинските власти ја повикаа меѓународната заедница и светските организации да извршат притисок врз Израел да го запре геноцидот и крвопролевањето во Газа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk