Повеќе од 20 лица загинале при пад на авион на суданската армија во предградие на Картум, соопштија воени и болнички извори.
Меѓу загинатите во несреќата има и цивили.
Животот го загубил и поранешниот командант на воената област на Картум, генерал Бар Ахмед.
Според локалните медиуми, причината за падот била техничка.
Армијата соопшти дека авионот „Антонов“ се урнал при полетување од воениот аеродром Вади Сејдна.