Пушењето во Македонија чини најмалку 150 денари дневно – граѓаните ги празнат џебовите за кутија цигари. На месечно ниво, тоа се над 4.500 денари, пари колку за рата кредит. Кога би се зело во предвид за една година – тоа се повеќе од 50.000 денари. На терен граѓаните остануваат децидни дека покрај што цигарите се веќе скапи, од друга страна се и штетни за здравјето. Споре нив, речиси секој втор пуши цигари.
Покрај повозрасните, она што ги загрижува граѓаните е дека зависници на цигрето се и младите. Речи си од средно образование тие се веќе зависници.
Инаку, цигарите во државата се движат од најмалку 120 денари до околу 200 денари. Пушењето може да предизвика долготрајни негативни последици на телото, влучувајќи срцеви болести, дијабетес. Пушењето е водечка причина за настанување на рак на бели дробови.