Home » Најмалку 15 загинати при уривање на покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република

Најмалку 15 загинати при уривање на покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република

by Журнал.мк

Најмалку 15 лица загинаа при уривање на покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти локалната полиција во Санто Доминго. Трагедијата се случила во моментот кога во клубот настапувал познат пејач за кој се стравувало дека е затрупан под урнатините.

Се уште не е познато како се урнал покривот на познатиот клуб „Џет сет“.

Инцидентот се случил за време на настапот на познатиот пејач Рубио Перез. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа моментот кога покривот се урна врз гостите за време на настапот на Рубио. Во еден момент музиката престанува и се гледа само темнината. Менаџерот на познатата пејачка објави дека Руби Перез се уште е под урнатините.

Локалните власти соопштија дека повеќе од 100 луѓе биле пренесени со брза помош во неколку околни болници.

„Нашиот град се буди за страшната трагедија што се случи во ноќниот клуб Џет Сет. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјави градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.

Директорот на одделението за вонредни состојби изјави дека спасувачките екипи ќе бидат на терен се додека постои можност некој да е жив под урнатините.

Во овој момент спасувачите се обидуваат со термички сигнали да утврдат колку луѓе се под урнатините.

Полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе се знаат повеќе детали за оваа страшна трагедија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk