Во големите шумски пожари што од пред неколку дена беснеат во централниот дел на Чиле загинаа најмалку 100 лица. Стотици други, пак, според чилеанските власти, се водат за исчезнати.
Воведен е полициски час со почеток во 21 часот во најтешко погодените области.
На терен се припадници на војската за да им помогнат на пожарникарите да го спречат ширењето на огнената стихија, додека хеликоптери се обидуваат да го изгаснат пламенот од воздух.