Home » Најголемиот број заразени со голема кашлица се од Скопје

Најголемиот број заразени со голема кашлица се од Скопје

by Журнал

Состојбата со големата кашлица е под контрола. Не може да кажеме дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи и во моментот до денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје.

Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а 9 дополнително се на возраст од 1-4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести Александар Петличковски по состанокот на Комисијата.

– За разлика од последниот пат кога правевме пресек на епидемиолошката состојба сега се појавуваат и адолесценти, деца на возраст 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во тек на следните недели ќе има малку промена на оваа демографска структура на позитивните случаи, односно очекуваме кај повозрасните и почесто да се потврдува оваа болест. Но, повторно сакам да потенцирам дека нашата најголема грижа како здравствен систем е спречување на ширењето на инфекцијата кај децата, кај малите деца бидејќи децата до една година возраст се најзасегнати, односно најризични по однос на оваа болест – рече тој.

Тој додаде дека останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози и одзивот кој досега во изминативе денови, односно од 18 јануари кога била дадена првата препорака, до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13.000 деца, што, според него, е солиден одзив, но како што кажа, сѐ уште има илјади деца кои требало да се вакцинираат, а не се вакцинирани.

– Изготвено е упатството кое го најавивме од Институтот за јавно здравје, и тоа е сеопфатно упатство за однесување, за постапки, за тек на нештата во услови на епидемија и до крајот на неделата ќе биде и обелоденето. Има некои забелешки и идеи за подобрување, но до крајот на неделата ќе биде објавено и испратено до сите инволвирани во процесот. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок – кажа тој.

Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, Петличковски рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв.

– Возрсните луѓе, како преносители на малите деца, се опасни и затоа се размислува и се препорачува во ова упатство и нивна заштита. Прво заштита со вакцини, второ со заштита со антибиотици. Вакцини за возрасни во мометот, нема, но сме многу блиску да дојдат да се набават, мислам дека е прашање на ден, бидејќи е отпочната постапка, има најава дека ќе пристигнат многу скоро, и мислам дека од почетокот на следната недела би можеле да сметаме и на овие дози. Таа вакцина за возрасни е истата вакцин што се препорачува и за трудници – информира Петличковски.

Додаде дека вакцините обезбедуваат имунитет што трае меѓу пет и десет години и е многу солиден, и поентата на вакцинирањето е да се преброди критичниот период на возраст за оваа болест.

– Возрасните луѓе во нормални околности не мора да примаат засилувачки дози. Возрасните кои живеат во заедници кадешто има мали деца под една година, треба да бидат заштитени со дополнителна доза толкму со цел да не ја пренесат боеста на нив – рече Петличковски.

Во врска со носење неваквинирани деца во градиките, Петличковски кажа дека врз основа на препораката и врз основа на пријавените случаи Центар за ЈЗ Скопје прогласува епидемија на Град Скопје.

– Следната точка е посапување на МТСП по препораките на Комисијата за здравствена затита. Дел од градинките постапуваат по таа одлуика, дел не постапуваат мислам дека тука има малку застој во комуникацијата меѓу МЗ и МТСП, веројатно писмената порака уште патува но сигурно ќе стигне многу скоро – рече Петличковски.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, во врска со можноста за појава на епидемија на морбили кај нас, како во некои европски земји, особено во Романија, вели дека родителите треба да бидат совесни и да ги вакцинират своите деца и оти тоа е основниот прицип на заштита.

– Деведесет и пет проценти вакцинирани против било кое зболување ни гарантира дека ние имаме безбедна популација и дека нема да имаме ширење зараза – рече тој, и додаде дека интензивно комуницираат со вакциналните тимови да ни ги кажат основните проблеми, а проблем број еден, според него, е антиваксерско движење и ширењето бомбастични наслови коишто одат спротивно од она што тие го работат и го загрозуваат јавното здравје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More