После ремито со Турција (25:25), се одржуваа шансите за пласман во главната фаза, но Унгарија, еден од домаќините на Европското првенство е пресилна за најдобрата македонска женска ракометна репрезентација.
Денеска во својот трет натпревар од прелиминарната фаза во групата А нашите ракометарки предводени од селекторот Кристијан Грчевски загубија убедливо од Унгарија со 29:19 во Дебрецин.
После првото полувреме нашата селекција имаше само еден минус негатива (11:10).
Најефикасна во нашата репрезентација беше Ристовска со шест голови, четири запиша Јанкуловска, а три Џатевска.
Потсетување дека на стартот македонската репрезентација загуби од Шведска со 28:18.