Home » Најдени пет гранати при ископ на канал пред Основен суд Гостивар

Најдени пет гранати при ископ на канал пред Основен суд Гостивар

by Журнал.мк

Пет експлозивни тела од непознато потекло се откриени при изведување на градежни работи во близина на Основен суд Гостивар.

Очеведци за МИА потврдија дека утрово околу 9 часот, при копање на канал за одводување на улицата „Живко Брајковски“ спроти судската зграда, машина за ископ на земја на длабина од половина метар извлекла метални тела, за кои се претпоставува дека се боеви гранати. Во моментов полициски службеници го обезбедуваат местото и се очекува увид.

Неофицијално, се работи за артилерски гранати кои најверојатно потекнуваат од времето на Втората светска војна.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk