Home » Најчести акутни заразни заболувања во февруари биле овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис

Најчести акутни заразни заболувања во февруари биле овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис

by Журнал.мк

Најчести акутни заразни заболувања во февруари се овчите сипаници, ентероколитиси и пертусис – големата кашлица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Загриженоста кај епидемиолозите и кај педијатрите е поради тоа што во регионот, но и во Европа покрај големата кашлица циркулира и епидемија од морбили или мали сипаници, а во Македонија нивото на вакцинирани деца со МРП не е на посакуваниот процент.

Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.

Пријавени се вкупно и 49 случаи на Ковид-19 во текот на февруари.

Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Република Северна Македонија, информираат од ИЈЗ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More