Home » Најавен нов ИПАРД јавен повик за Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

Најавен нов ИПАРД јавен повик за Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

by Журнал.мк

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес го најави новиот Јавен повик 01/2025 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата преку Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“.

Финансиските средства на претстојниот повик ќе бидат наменети за следните сектори:

Сектор за растително производство, и тоа следните потсектори:
Житни култури
Индустриски и фуражни култури
Лозови насади (само вински сорти)
Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7
Сектор за сточарско производство, и тоа следните потсектори:
Говеда (за: млечно говедарство, гоење)
Свињи (за: репродукција, гоење)
Овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење)
Живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери)
Друг добиток од Анекс I што не е поддржан во рамки на Мерка 7
Сектор рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби
Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, и тоа следните потсектори:
Млеко и млечни производи
Јајца, месо и производи од месо
Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
Шира, сок од грозје, вино
Претстојниот јавен повик на ИПАРД III програмата овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, а се поддржуваат инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на земјоделските стопанства.

Јавниот повик ќе трае 45 дена сметано од денот на објавување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk