Home » Најавен концерт на ,,Мизар”: Бендот е бедем на македонската музика и култура!

Најавен концерт на ,,Мизар”: Бендот е бедем на македонската музика и култура!

by Журнал.мк

Култната македонска рок група ,,Мизар” ќе одржи концерт на сцената на Национална филхармонија на 12-ти мај, со почеток од 20 часот.

Концертот е насловен ‘’Мизар и Хармосини – Гласови’’, а од организацијата откриваат дека 17 македонски музичари – инструменталисти, предводени од Горазд Чаповски, хорот Хармосини и аранжерот и диригентот Дени Омерагиќ ќе ги донесат безвременските: 1762, Амфилохиј, Дождот, Глас, Почесна стрелба, Константинопол, Blood Red Sun, Бело море, Градот е нем, Ходен Же, Златно сонце и многу други песни, како што велат, во овој епски концерт на ,,Мизар”, еден од бедемите на македонската музика, култура и национален идентитет.

Влезниците се пуштени во продажба, по цени од 1.300 до 1.500 денари.

Бендот започна да функционира во 1981 година, и прв вокалист беше Ристо Вртев, но со тек на годините имаше неколку промени во составот, а Горазд Чаповски е единствениот постојан член од основањето.

За ,,Мизар” во 2014 година се сними и документарен филм ,,Мизар – ѕвезда на надежта” кој беше прикажан на повеќе интернационални фестивали.

Пред две години пак, беше промовирана монографијата за групата „Мизар“, дело на хроничарот Тошо Филиповски, афирматор на македонската популарна музика.

Бенодт се смета за ѕвезда водилка, која пред повеќе од 40 години го покажа патот на алтернативната сцена кај нас.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More