УЕФА денеска заседава во Париз и се води закажаниот Конгрес во овој момент, а за подоцна вечерва е закажана и ждрепката за новото издание во Лигата на нации.
Ова натпреварување ќе се игра во втората половина на 2024-та година, во кое Македонија ќе се натпреварува во „Лигата Ц“ и ќе чека противници од третиот шешир.
Извлекувањето е закажано за 18:00 часот во француската престолнина и Македонија е во ист барабан со Словачка, Северена Ирска и Кипар, па од сите можни противници, најдобри би било да се избегнат Романија и Шведска кои треба да бидат носители во своите групи.