Home » МЗ: Моментално се хоспитализирани 340 лица, а 81 отсто од нив не се вакцинирани

МЗ: Моментално се хоспитализирани 340 лица, а 81 отсто од нив не се вакцинирани

by Журнал.мк

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, во период од пет месеци, односно од август 2021 заклучно со јануари 2022 година на територија на државата се детектирани вкупно 85 593 позитивни случаи на ковид-19, од кои 37 проценти биле целосно вакцинирани, а 63 отсто не биле вакцинирани против ковид-19
Поради компликации од коронавирусот во моментов се хоспитализирани вкупно 340 лица на територијата на цела држава, информира Министерството за здравство (МЗ), 81 отсто од нив не се вакцинирани, а 19 отсто од хоспитализираните се имунизирани против ковид-19.

„Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден, од болница“,

се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Како што соопштуваат оттаму, во период од пет месеци, односно од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година на територија на државата се детектирани 85 593 позитивни случаи на ковид-19. Од нив 37 проценти биле целосно вакцинирани, односно 32 079 лица, а 63 отсто или 53 514 од позитивните случаи во овој период не биле вакцинирани против ковид-19.

„Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата“,

стои во соопштението од Министерството за здравство.
Како што велат од Министерството за здравство, во периодот од 6 август 2021 заклучно со 13 јануари 2022, 78 отсто од починатите лица со ковид биле невакцинирани, а 22 отсто од починатите биле имунизирани.

„Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“,

соопштуваат од МЗ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk