Home » МЗ: Чесно е Димитров да каже дека не присуствуваше на повеќето седници за ковид мерките

МЗ: Чесно е Димитров да каже дека не присуствуваше на повеќето седници за ковид мерките

by Журнал.мк

Министерството за здравство соопшти дека е изненадено од, како што наведува, „непромислената изјава на вицепремиерот Никола Димитров, со која покажува значителна несериозност кон ковид пандемијата”.

Вицепремиерот денеска на пресконференција истакна дека неговите позиции во Владата „во однос на колегите биле различни на многу теми, како и приодот и мерките против пандемијата”.

– Чесно е Димитров, да каже дека на многу седници на Главниот координативен кризен штаб или на Владата кога на дневен ред беа токму тие точки, тој не ни присуствуваше, туку на седниците го заменуваше државниот секретар. Кога седниците, пак, беа „удостоени” со присуството на вицепремиерот, тој во ниту еден момент не се спротивстави на препораките и на мислењата на стручната лекарска фела која до Владата препорачуваше и советуваше во кои насоки да се движат мерките за заштита од ширење на Ковид-19. Димитров, апсолутно го делеше мислењето со колегите, потенцираат од Министерството за здравство.

Кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, како што посочуваат од Министерството, е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството.

– Од Ковид-19 сите трпиме последици, дури и државите кои имаат најорганизиран систем, затоа е важно како ќе реагира секој поединец и како ќе ја разбере својата улога во општетсвото. Оттука неразбирливи се причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови, истакнуваат од Министерството за здравство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk