25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

МВР вели дека ја истражува „роденденската забава“ без маски на челниците на ДУИ

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи денеска добило пријава за случајот со прославата на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеле заштитни маски.

По пријавата веќе се постапува и за неа бил известен и јавен обвинител. МВР по добиените насоки од него, презема мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од министерството.

Согласно своите надлежности, велат од МВР, Државниот инспекторат за труд веќе најави вонреден инспекциски надзор во врска со почитување на мерките, препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија заради заштита од ширењето на зараза од коронавирусот на вработените во оваа институција.

-Министерството за внатрешни работи, пак, согласно своите надлежности, постапува по пријава примена во текот на денешниот ден, во врска со која е известен Јавниот обвинител и по добиeните насоки од него, а во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на РСМ“, бр.298 од 16.12.2020), презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, изјави за МИА началникот на Одделение за информации од јавен карактер во МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести