Home » МВР со потврда за запаленото возило на директорот на ,,Идризово”, пожарот ја зафатил и зградата во која живеел

МВР со потврда за запаленото возило на директорот на ,,Идризово”, пожарот ја зафатил и зградата во која живеел

by Журнал.мк

Од МВР потврдуваат дека ноќеска било запалено службеното возило на директорот на затворот ,,Идризово”, Зоран Јовановски.

-На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More