Home » МВР со детали за автобусот на ЈСП кој излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“

МВР со детали за автобусот на ЈСП кој излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“

by Журнал.мк

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, повредени се патник и возачот.

Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.

Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.

Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More