Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека се постапува во случајот во кој две лица во автобус на ЈСП, им се закануваа на останатите патници кои од нив побараа да стават маски на своето лице.
На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат на останатите патници.
Засега не се знае за кој автобус на ЈСП се работи и на која релација се движел.