Home » МВР: Личните карти и возачките дозволи ќе се добиваат по пошта

МВР: Личните карти и возачките дозволи ќе се добиваат по пошта

by Журнал

Скопјани личните карти и возачките дозволи ќе ги добиваат на домашна адреса, информираат од Министерство за внатрешни работи. Ова се прави, како што велат од МВР, со цел да се забрза и олесни процесот на промената на личните документи.

– Ова е пилот проект и ќе се спроведува само на територијата на Град Скопје и тоа преку полициските станици. Ова значи дека оние кои се фотографирале за возачка и лична карта, готовите документи ќе ги добиваат на домашна адреса, информираат од МВР.

Воедно МВР извести дека дека во сабота ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More