Home » МВР испитува дали и други лица од македонската полиција се вмешани во фалсификувањето на монетите од 2 евра

МВР испитува дали и други лица од македонската полиција се вмешани во фалсификувањето на монетите од 2 евра

by Журнал.мк

Во истрагата за фалсификуваните монети од две евра кои се правеле во Скопје, а се носеле на Косово, вклучена е и внатрешната контрола на МВР која испитува дали и други лица од македонската полицијата се дел од оваа криминална мрежа. Пред пет дена во заедничка акција македонската и косовската полиција на територијата на Косово го уапси Шкелзим Демири од Ресен, полициски службеник и возач на Ветон Кранли, поранешен началник на одел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност при МВР.

Демири е во притвор во Косово. А по неговото приведување, во три простории во Скопје пронајдени се неколку машини и друг материјал за правење лажни монети од по две евра. Полицијата претпоставува дека тука биле направени повеќе од 100 илјади монети.

Истрагите за фалсификувани пари продолжуваат и во Македонија и во Косово, со оперативна помош на Европол. Се работи на откривање на криминалната мрежа која фалсификуваше монети од 2 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More