Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 21:00 часот, POSTMODERN JUKEBOX ќе го прослави својот 10-ти роденден.
На 6. септември во Македонска филхармонија, најголемиот светски забавувачки музички колектив POSTMODERN JUKEBOX ќе го прослави својот 10ти роденден како дел од својата светска турнеја!
Може да очекувате инспиративно и екстравагантно патување низ универзумот на POSTMODERN JUKEBOX, на кое најголемите светски поп хитови, во винтиџ стилот на 1920тите и врвно свинг кабаре ќе може да се слушнат во изведба на некои од најдобрите светски изведувачи, танчери и инструменталисти… или, на кратко кажано, нешто во стилот на ,,Големиот Гетсби” во комбинација со Френк Синатра и филмот ,,Назад во иднината”.