Home » Музичарот Александар Темелков стана татко: Благодарам Господе за овој дар!

Музичарот Александар Темелков стана татко: Благодарам Господе за овој дар!

by Журнал

Фолк пејачот Александар Темелков (23) и неговата сопруга Сара добја син. Ова е прво дете на парот, а младиот музичар ја објави радосната вест на социјалните мрежи.

-Јас и мојата сопруга Сара станавме родители, ни се роди нашиот принц. Ти благодарам Господе за овој дар- напиша тој.

Темелков, кој живее во Велес, и стана познат на јавноста во регионот по своето учество во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.
Уште како дете започнал да се занимава со музика, и од најрана возраст има учествувано и на други музички натпревари, а по професија е енолог.

Има снимено неколку авторски песни и има редовни настапи. За новогодишниот дочек гостуваше во локал во Германија.

Веста дека со свршеницата Сара ќе станат родители ја објави лани во октомври, а свадбата ја планирале оваа година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More