-0.2 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Мустафа: Сите договори меѓу ЛДК и Самоопределување паднаа во вода

Најчитани вести

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа, по вчерашната конститутивна седница на новото косовско Собрание, изјави дека бил изненаден од предлогот на Движењето Самоопределување за претседател на Собранието и дека никој од неговата партија не очекувал дека самоопределување ќе го предложи парламентарниот спикер од сопствените редови. Реакцијата на Мустафа уследи по изборот на пратеникот на Самоопределување Глаук Коњуфца, на предлог на лидерот на таа партија Албин Курти, за претседател на новото Собрание на Косово. Според најавите од двете партии победнички на парламентрните избори одржани на 6 октомври, тие имале договор за тоа претседател на заедничката влада да биде Курти, на ЛДК да му припадне позицијата на собраниски спикер, додека местата во владиниот кабинет да бидат поделени рамноправно. До застој во преговорите дојде откако ЛДК побара да ја добие позицијата на претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му истекне мандатот на Хашим Тачи на таа позиција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com