Home » Mуслиу: Изјавите на Димитров се неумерени, се работи за лични суети или политички аспирации

Mуслиу: Изјавите на Димитров се неумерени, се работи за лични суети или политички аспирации

by Журнал.мк

Ова е последна година на мандатот на претседателот на Албанија, Мета и неговиот однос со сегашната Владата на Еди Рама е лош и таму треба да има гласање за негова смена. Мене ми беше чудно што и досега немаше посета во Македонија од негова страна. Тој е еден од најстарите политичари на Балканот, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Алберт Муслиу во врска со тридневната посета на Мета на земјава.

-Тој ги знае сите политички структури на Балканот и мислам дека со неговата посета се трудеше да остави некое чувство на неутралност и незаземање страна во однос на политичките партии во земјава. Неговиот однос во нашиот спор со Бугарија исто така беше коректен. Не зазема страна, но се залага и за интересот на албанската заедница и на Македонија во однос на целиот ЕУ интегративен процес, вели Муслиу.

Тој ја коментираше и вчерашната изјава на министерот Димитров која предизвика лавина реакции меѓу политичкиот естаблишмент во државава:

-И за мене беше изненадување вчерашната прес-конференција на Никола Димитров. Тој никогаш не бил политичар, туку бил дипломат, така што за дипломат таквите зборови кои ги кажа вчера се неумерени. Тој е креатор на Преспанскиот договор и на договорот со Бугарија. Да се врти водата дека се нема доверба во Бујар Османи, бидејќи е Албанец е најпогрешен пристап, рече Муслиу.

Тој додаде дека во случајот се работи за лични суети или пак за политички амбиции зошто друго толкување според него нема.

-Нашите искуства покажуваат дека дури и амбасадори во Бугарија кои сме ги имале, најхрабри потези во интерес на македонската заедница правел амбасадор кој бил Албанец, дециден е Муслиу.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More