Home » Муртезани се сретна со директорката на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги – УНОПС

Муртезани се сретна со директорката на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги – УНОПС

by Журнал.мк

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги – УНОПС во Србија (Multi-Country Office), на која што беше потврдена долгогодишната успешна соработка во рамките на проектите поддржани од Шведска преку Шведската агенција за меѓународен развој (SIDA) и Швајцарија преку Швајцарската агенција за развојна соработка (SDC).

Министерот Муртезани изрази задоволство од долгогодишната соработка со УНОПС, особено со канцеларијата во Скопје, со која што веќе шест години заеднички работат на унапредување на европскиот реформски процес на Македонија. Тој нагласи дека успешното завршување на првата фаза од проектот „Поддршката на Македонија за пристапувањето во ЕУ“, претставува силна основа за натамошни активности, а МЕП останува посветен на неговата доследна имплементација.

Муртезани и Телатин истакнаа дека во изминатиот период беше обезбеден континуитет на проектните активности, дека успешно се адресираа предизвиците и дека беше дадена потребната стручна насока за процесот. Дополнително, беше нагласена поддршката во повеќе клучни области, како што се подготовката на Националната верзија на ЕУ acquis преку превод и правна ревизија, подготовка на Насоки за интегрирање на антикорупциските стандарди во различни поглавја од acquis-то, зајакнување на капацитетите на медиумите, организација на настани за подигнување на јавната свест за процесот на ЕУ интеграција и Реформската агенда 2024 – 2027, експертска поддршка и јакнење на административните капацитети.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk