Home » Муртезани: Членството во ЕУ е главниот приоритет на новата Влада, покрај економскиот развој

Муртезани: Членството во ЕУ е главниот приоритет на новата Влада, покрај економскиот развој

by Журнал.мк

Mинистерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Брисел учествуваше на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).

Ова е прв пат Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија да бидат вклучени во Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, нудејќи им можност на министрите од земјите-кандидатки, во инклузивна средина, заедно со министрите од земјите-членки на Унијата да разменат мислења за прашања поврзани со владеење на правото.

Министерот Муртезани, на Состанокот ја поздрави одлуката за вклучување на Северна Македонија во Механизмот на ЕУ за владеење на правото, кој ќе обезбеди јасна патека за следење и оценување на нашиот напредок кон усогласување со стандардите на ЕУ, осигурувајќи дека ги исполнуваме демократските одредници и одредниците за владеење на правото неопходни за членство во Унијата.

„Нашето вклучување во Механизмот на ЕУ за владеење на правото означува критичен чекор во нашата забрзана интеграција во Европската Унија. Гледајќи напред, бараме целосно учество на земјите кандидати во овој механизам, вклучително детални препораки и мониторинг, што ќе придонесе за брзо усогласување со европските стандарди. Ова не само што ќе ја подобри нашата рамка за владеење на правото, туку и ќе ја олесни подлабоката интеграција во европскиот систем на економско управување – два процеса кои мора испреплетено да се одвиваат.“ – истакна Муртезани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk