Жозе Мурињо повторно привлече внимание со своето препознатливо однесување, овојпат во Турција, каде што на прес-конференција одговори на прашање со доза на сарказам што веднаш стана вирална.
Португалецот, познат по своите провокативни и духовити изјави, беше запрашан како одлучува кој ќе биде стартер во ситуација кога често ротира со составот на Фенербахче. Мурињо одговори во свој стил, оставајќи ги сите присутни во сала без зборови.
„Имам 25 парички. Ги фрлам во воздух. Тие што ќе останат на масата – играат. Тие што ќе паднат на под – одат на клупа. Толку е едноставно. Во текот на неделата се забавувам. Секој ден сум по клубовите низ Истанбул, а кога ќе дојде време за состав – фрлам монети со ликовите на играчите. Тие 11 што ќе останат горе – тие се стартери“, рече Мурињо со насмевка.
Португалецот уште еднаш покажа дека и кога не зборува за тактика успева да биде во центарот на вниманието.