Home » Мурињо пред отказ во Рома, веќе е познат и неговиот наследник!?

Мурињо пред отказ во Рома, веќе е познат и неговиот наследник!?

by Журнал

Португалецот Жозе Мурињо е пред отказ во Рома, пренесуваат италијанските медиуми кои веќе информираат и за неговиот наследник на клупата на „волчицата“.

По синоќешниот убедлив пораз на тимот од Милан, Италијанците пренесуваат дека Мурињо е пред сигурно заминување од клубот а негов наследник ќе биде една од легендите на Рома – Даниеле де Роси.

Де Роси за Рома играше од 2001 до 2019 година и со Франческо Тоти е најголема легенда на клубот од овој век.

Настапи на вкупно 616 натпревари за „волчицата“ постигнувајќи и 63 гола и со 60 асистенции. Беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година ја освои светската шампионска титула на Мундијалот во Германија.

Де Роси е на почеток од својата тренерска кариера која ја започна есента 2022 година во второлигашот СПАЛ, но веќе во февруари 2023 година го напушти клубот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More